Добивај вести на Viber На 24 мај, Македонија, заедно со повеќе словенски земји, го одбележува Денот на светите браќа Кирил и Методиј – создателите на првата словенска азбука и просветители кои ги поставија темелите на културниот и духовниот идентитет на словенските народи.
Денес, со низа настани низ државата, се прославува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и книжевност и имаат големи заслуги за културниот развој на сите словенски народи.