Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, вети дека ќе воведе вкупно 60 отсто царини за кинеските стоки увезени во САД.
Пекинг се спротивстави на ваквите мерки. Republika
Кина го смета демократски управуваниот Тајван за своја територија.
САД се најважниот меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје на Тајван. Kanal5
Кинескиот лидер Шји Џинпинг вчера за последен пат се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, но веќе гледаше напред кон новоизбраниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Пекинг е подготвен да работи со новата американска администрација.
На нивните разговори на маргините на годишниот Самит за азиско-пацифичка економска соработка во Перу, Шји предупреди дека стабилен однос Кина-САД е критичен не само за двете држави, туку и за иднината и судбината на човештвото. Fokus