Зеленски истакна дека Украина следната година ќе произведе најмалку 30.000 дронови со долг дострел.
Украина се обидува да го зголеми производството на оружје од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, а Зеленски вели дека 40 странски производители на оружје веќе работат во одбранбениот сектор на Украина. Netpress
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика да се стави крај на војната во Украина на „фер и праведен“ начин и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане сам.
Во видео порака емитувана на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, по повод 1.000 дена од почетокот на војната во Украина, Зеленски предупреди дека контингентот севернокорејски војници во Русија, на границите со Украина, може да достигне 100.000. Republika
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека го посетил источниот град на линијата на фронтот на бојното поле – Покровск. A1on
Зеленски рече дека Украина, цела Европа и украинските партнери во САД и во светот успеале не само да го спречат Путин да ја окупира Украина, туку и да ја одбрани слободата на сите европски народи.
Дури и со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун покрај него, Путин останува помал од обединетите сили на Европа, рече тој, а исто така, додаде дека „ако можеме да го запреме падот на европскиот начин на живот, тогаш сигурно можеме да ја турнеме Русија кон праведен мир“. Netpress
Дефинитивно нема да дозволиме нашата земја да биде искористена во нашите изборни кампањи во Европа.
Нема да може да се победи на сметка на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање во Врховната рада, пренесува „Укринформ“. A1on
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со воздржаност реагираше на одлуката на САД да им дозволат на украинските сили да користат ракети „Атакмс“ за удари подлабоко на руска територија. Telma