Владиниот портпарол Штефен Хебстрајт рече дека во разговорот Шолц ја осудил „руската агресивна војна против Киев“ и го повикал Путин да ја прекине со повлекување на трупите кои извршија инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата го одбрани телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин кој наиде на остри критики од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Kanal5