Сојузниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот остро ја критикуваа одлуката на претседателот во заминување Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напад на територијата на Русија, обвинувајќи го за сериозна ескалација на војната Бајден, кому му преостануваат уште два месеца од мандатот, значително ја промени политиката на земјата попуштајќи пред долгогодишното барање на Украина, која речиси три години се бори против руската инвазија.
Денес почнува Самитот на Г-20 во Бразил.