Сојузниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваа одлуката на претседателот Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади во Русија, обвинувајќи го за сериозна ескалација. Libertas
Доналд Трамп Јуниор се приклучи на критиките, пишувајќи на X: „Се чини дека воено индустрискиот комплекс сака да се погрижи да победи во Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да создаде мир и да спаси животи“.
„Тој е единствениот човек кој може да ги доведе двете страни на маса за да преговараат за мир и да работат на завршување на војната и запирање на убиствата“, рече портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг. Libertas
Трамп во повеќе наврати ветуваше дека ќе стави крај на војната, но не кажа како ќе го направи тоа.
Москва вети дека ќе даде „соодветен“ одговор во случај навистина да се употребат американски ракети против Русија, а тимот на Трамп го обвини Бајден за ескалација на војната од политички причини. Libertas
Трамп, кој ја презема должноста на 20-ти јануари, рече дека би можел да ја заврши војната „во рок од 24 часа“ и ја доведе во прашање повеќе од 60 милијарди долари воена помош што САД и ја дадоа на Украина од избивањето на војната.
„Како да ги доведеме двете страни на маса за да се стави крај на оваа војна? Netpress
Ако не по друго, тогаш по она што најавуваат западни медиуми.
Американскиот претседател, Џо Бајден, дал согласност за користење на американски ракети од долг дострел за бомбардирање на руска територија. Faktor