Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Ако сака да покаже дека е политичка сила, Европската Унија мора да остане единствена и мора да дејствува, а не да чека за да реагира на одлуките на САД, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на шефови на дипломатии, на кои главни теми се состојбите во Украина и на Блискиот Исток и односите на блокот со САД.