Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација.
На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел. Biznisvesti
Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. Denesen
Од Никозија, Борел в недела ќе отпатува за Бејрут, каде ќе има средби со либанскиот премиер Наџиб Микати, со претседателот на Парламентот Набих Бери, со командантот на Вооружени сили на Либам, Јозеф Аун и со претставници на Обединетите нации во земјата.
Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, во услови на катастрофалната ситуација во Газа и воената ескалација во Либан, главна цел на турнејата на Борел ќе биде продолжување на разговорите меѓу ЕУ и партнерите од регионот за можниот напредок кон воспоставување на одржлив прекин на огнот и кон започнување на долгорочен мировен процес за Блискиот Исток заснован на решението за постоење на две држави – Израел и Палестина. сп/ Фото: МИА Архива . Извор: МИА. Biznisvesti
Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“. ги рпекинаПокрај за ова прашање во делот од состанокот посветен на најновите случувања на Блискиот Исток, пред се во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, министрите разговараа за поддршката на ЕУ за УНРВА и за прашањето за рестриктивни мерки против Хамас и неговите поддржувачи, но и против насилните еврејски екстремистички доселеници на Западниот Брег.
ФАК разговараше и за напорите за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток, при што министрите разменија мислење за активностите на Глобалната алијанса за имплементација на решението за две држави, лансирана на последното заседание на Генерално собрание на ОН, и за нејзиниот следен состанок закажан за 28 ноември во Брисел. Netpress
Грузија не може да напредува во односите со Европската унија без големи промени, рече Борел.
Тој на грузиските граѓани им порача дека ЕУ никогаш нема да ги напушти нив и нивната борба за вредностите на ЕУ и ќе продолжи со поддршка на нивниот „избор во корист на демократијата и европската иднина“. Netpress