Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка за Русија. Civilmedia
Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреалниот пристап.
Тие ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии со цел да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот – наведува Блумберг. Fokus