Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи пред парламентарната комисија за европски прашања.
Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ, рече Вархеи говорејќи за последните пет години на таа функција.
Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања. Republika
„Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ“, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархељи рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“. Mk
Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола.
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на дводневниот состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ што се одржува денеска и утре во Будимпешта.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска вети „соодветен“ одговор на украинското истрелување на американски ракети АТАКМС кон Русија, осудувајќи го како американско мешање во војната во Украина и нарекувајќи го „нова фаза“ во тој конфликт.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските напади врз Брјанска област со американски ракети се јасен сигнал дека Западот бара ескалација на конфликтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото обраќање во Европскиот парламент рече дека, дури и со Ким Џонг-ун на негова страна, Путин „останува помал“ од САД и во Европа, предупредувајќи дека бројот на севернокорејски војници распоредени на границата со Украина може да се зголеми.
Да се стави крај на војната на фер и праведен начин, повика денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане сам.
Американскиот посредник за Блискиот Исток, Амос Хохштајн рано утрово пристигна во Бејрут во обид да го финализира договорот за прекин на огнот што ќе стави крај на тековната војна меѓу Израел и Хезболах, изјави владин извор, пренесе ДПА.
Израелски борбени авиони повторно погодија цели во Бејрут, вклучително и станбена област на само неколку километри од центарот на градот, јави ДПА.
Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива.
НАТО многу сериозно го сфаќа прашањето за безбедноста во регионот на Црното Море, ние сме подготвени да го одбраниме секој сојузник, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со романскиот премиер, Марсел Колаку.