Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап.
Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот, пишува Блумберг. Denesen
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка за Русија.
Турскиот план предвидува создавање демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава Блумберг, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што ќе се согласи да не влезе во НАТО. Plusinfo
Американските медиуми, повикувајќи се на извори, пренесуваат дека турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро ќе го претстави својот мировен план за ставање крај на руската војна против Украина. Kajgana