Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Брисел го потврди ставот на Италија за оружјето што и се испорачува на Украина, а кое може да се користи „само на украинска територија“.
„Нашиот став за употребата на оружјето на Украина не се менува, тоа може да се користи само на украинска територија“, рече Тајани на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Изјавата доаѓа откако Вашингтон и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел доставени од САД, што е голема стратешка промена околу два месеца пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата. Kanal5