На повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа во вторник претпладнето, како и претходниот ден на њујоршки Волстрит, додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да ги насочат пазарите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,35 отсто.
Деловниот извештај ќе покаже дали сè уште има простор за раст на цената на акциите на Nvidia или ќе следи корекција.
Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе бидат кварталните деловни резултати на трговските синџири, како што се Walmart, Target и Lowe’s, кои ќе покажат каква била продажбата во пресрет на претстојната предбожиќна потрошувачка сезона. 360stepeni
Откако минатата седмица паднаа за повеќе од 2 отсто, S&P 500 и Nasdaq вчера вратија дел од загубите.
Во исто време, цените на акциите најмногу пораснаа во енергетскиот сектор, во просек за 1,05 отсто, а најмногу паднале во индустрискиот сектор. Netpress
Немаше значајни вести бидејќи инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати на Nvidia, кои ќе бидат објавени во среда.
Акциите на производителот на чипови се меѓу најголемите добитници последниве години, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција. Netpress
Инвеститорите се претпазливи бидејќи стравуваат од ескалација на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили со долг дострел од американско шроизводство кон Русија, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.
Дополнително, инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред деловниот извештај на „Nvidia“.Откако претходниот ден скокна за речиси 5 отсто, цената на акцијата на производителот на чипови со вештачка интелигенција вчера благо падна. Netpress
Цените на акциите пораснаа и на другите берзи во регионот, како и вчера на Волстрит.
Сепак, Dow Jones загуби 0,13 отсто, но S&P 500 зајакна 0,39 отсто, а Nasdaq индексот за 0,60 отсто. 360stepeni
Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,06 отсто, на 19.177 поени.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Netpress
Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА.
Владимир Путин е отворен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но исклучува да направи какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од амбициите да се приклучи на НАТО, изјавија за пет извори кои се упатени во размислувањата во Кремљ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред парламентот во вторникот предложи дека привремената руска контрола врз украинската територија е веројатно неизбежна се додека рускиот претседател Владимир Путин е на власт.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика да се стави крај на војната во Украина на „фер и праведен“ начин и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане сам.
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за Украина.
Обидите на одредени земји од НАТО да ги олеснат украинските напади длабоко на руска територија, со обезбедување ракети со долг дострел, нема да останат неказнети, предупреди денеска директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, Сергеј Наришкин.
Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде принуден да склучи мир, а не да моли за тоа.
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде принуден да склучи мир, а не да се бара тоа од него.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повтори дека ставот на НАТО е дека „најдобро е да не се поставуваат ограничувања“ за испорака на вооружени системи за Украина . Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повтори дека ставот на НАТО е дека „најдобро е да не се поставуваат ограничувања“ за испорака на вооружени системи за Украина и додаде дека на секоја поединечна земја-членка е да одлучи дали ќе дозволи користење на неговото оружје со голем дострел за напад на цели во Русија.
Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за Украина да не поставуваат ограничувања за тоа како силите на Киев можат да го користат, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.