Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.Израелските медиуми објавија дека сите дронови лансирани од Иран како одмазда за израелските ноќни напади врз иранските нуклеарни постројки и елиминацијата на членовите на иранското воено раководство и научниците кои работат на нуклеарната програма биле соборени.„Иран лансираше околу 100 дронови кон израелска територија како одмазда, што Израел се обидува да ги пресретне“, изјави претходно портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјава што иранските медиуми сега ја негираат.
Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.