Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска во Техеран разговараше со иранските власти за иранската нуклеарна програма.
Иран изрази подготвеност да го реши спорот со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во врска со почитувањето на заштитните мерки за својата нуклеарна програма, но нема да го стори тоа под притисок, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи по средбата со генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси во Техеран.