1 (14) ■ вести > свет ■ 21-Nov 19:06 -> 22-Nov 09:54
.
.
.
.

Залужни: Третата светска војна веќе започна

  • Поранешен шеф на украинската армија: Мислам дека Третата светска војна веќе започна

Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.

Валериј Залужни, украинскиот амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, смета дека директното учество на автократските сојузници на Русија во војната против Украина укажува дека Третата светска војна веќе започнала.

3 (109) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 11:11 -> 21-Nov 20:43
.
.
.
.

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

  • Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот

  • ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

  • Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, дознава „360 степени“ од владини извори.

Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

6 (10) ■ вести > свет ■ 20-Nov 08:27 -> 22-Nov 09:33
.
.
.
.

Зеленски до сојузниците: Путин ве тестира, мора силно да одговорите

  • ЗЕЛЕНСКИ: Украина ќе треба да надживее некого во Москва за да ги постигне своите цели и да си ја врати целата национална територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред парламентот вчера сугерираше дека привремената руска контрола врз украинската територија е веројатно неизбежна се додека е на власт рускиот претседател Владимир Путин,. -Украина можеби ќе треба да надживее некого во Москва за да ги постигне своите цели и да ја врати целата национална територија, рече украинскиот претседател во украинската Рада, пренесе Хина.

12 (8) ■ вести > македонија ■ 22-Nov 07:00 -> 22-Nov 09:11
.
.
.
.

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

  • Облачно со врнежи од дожд, температурите до 14 степени – вечерва ќе имаме снег!

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

13 (44) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 20-Nov 15:12 -> 22-Nov 09:17
.
.
.
.

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

  • Простаклукот на Апасиев пуштен на најјако

  • Мециновиќ: ​​​​​​​Народот заслужува одговори - ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

  • (ФОТО+ВИДЕО) Пцовки и навреди помеѓу Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, обезбедувањето спречи ескалација на конфликтот

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

На собраниска седница денеска за влакно беше избегната тепечка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и дел од пратеницита на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ одржа прес-конференција во врска со денешната ескалација во Собранието која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања „Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници.

Вербална расправија помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ настана на денешната, прва по носењето на новиот Деловник, собраниска седница посветена на пратенички прашања од опозицијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

160 (6) ■ бизнис > култура ■ 20-Nov 07:40 -> 21-Nov 14:53
.
.
.
.

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

  • Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје…“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.

Вечерва (20 ноември), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.