Важноста на мултисекторската соработка и посветеноста на учесниците во пронаоѓањето решенија за борбата против корупција, охрабрувањето на секојдневната борба за интегритет и создавањето робусни механизми за нејзино спречување и барање отчетност преку системски реформи и транспарентни институции, беа во фокусот на отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL). Американсата амбасадорка во Република Северна Македонија, Анџела Агелер во своето воведно обраќање ја истакна важноста на мултисекторската соработка и посветеноста на сите учесници во пронаоѓањето решенија за овој критичен проблем.
Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), денеска и утре организираат Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан.