Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред парламентот вчера сугерираше дека привремената руска контрола врз украинската територија е веројатно неизбежна се додека е на власт рускиот претседател Владимир Путин,. -Украина можеби ќе треба да надживее некого во Москва за да ги постигне своите цели и да ја врати целата национална територија, рече украинскиот претседател во украинската Рада, пренесе Хина.