Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави денеска дека неговата земја „ја почитува одлуката“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во врска со налозите за апсење за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото и дека целосно ќе се придржува до неа.
Голоб изјавата ја даде по повод налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас Мухамед Деиф, јави словенечката СТА. Republika