„@USEmbassyKyiv (Амбасадата на САД во Киев) ја продолжи својата работа по привремениот прекин“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на платформата X. - „Продолжуваме да ги охрабруваме американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат подготвени да се засолнат доколку биде издадена воздушна тревога“, додаде таа.
Италија, Шпанија и Грција денеска ги затворија своите амбасади во Киев поради американските информации за можен руски напад со беспилотни летала и проектили врз главниот град на Украина во текот на денот, јави украинската државна телевизија „Суспилна“.