Независниот ултрадесничарски кандидат Калин Георгеску води со 22,84 отсто по првиот круг на претседателските избори во Романија.
Независниот ултрадесничарски кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Георгеску, води со 22,84 отсто од гласовите, додека актуелниот премиер и претседателски кандидат на Социјалдемократската партија, Марсел Чолаку, освои 19,24 отсто, според резултатите добиени по пребројани 99,5 отсто од гласовите.