Дванаесет британски војници, кои се дел од мисијата на НАТО за одвраќање на руската агресија, се повредени во верижен судир во Естонија, во близина на границата со Русија, јавија локалните медиуми, а пренесува Скај њуз.
Десетина војници на НАТО, вклучително и најмалку осум британски војници, беа повредени минатата недела во верижна сообраќајка по учеството на вежба на НАТО во Естонија, соопштија синоќа локалните власти.