1 (76) ■ вести > свет > регион ■ 26-Jan 22:00 -> 28-Jan 22:38
.
.
.
.

ВУЧИЌ: Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори

  • Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

  • Со оставката на премиерот целата влада на Србија е во оставка и технички мандат

  • Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка

По вонредната седница на српската влада, кон јавноста се обрати Александар Вучиќ кој ги изнесе своите ставови за блокадите, но и ги кажа можните решенија по оставката на Вучевиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе неотповиклива оставка, изјави дека останува на функцијата се додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат.

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка, соопшти денеска на прес конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ кој информира дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата.

2 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 20:25 -> 28-Jan 17:00
.
.
.
.

Мицкоски има 17 советници, со плата од 60.000 до 90.000 денари

  • Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

  • МИЦКОСКИ ГО СОВЕТУВААТ 17 ЕКСПЕРТИ Еве колку се платени

  • Мицкоски: Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

Вкупно 17 луѓе го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, информира тој на денешната прес конференција.

Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок, институциите ја следат состојбата, вели Мицкоски.

4 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jan 12:53 -> 28-Jan 18:52
.
.
.
.

Какви имиња на улици ќе добие Тетово?

  • Мицкоски за промената на имињата на улиците во Тетово: Доколку такво нешто се случи без консензус, како претседател на Владата нема да разгледувам так…

  • Касами најавува преименување улици во Тетово, Мицкоски вели дека тоа не е дел од коалицискиот договор

Не се работи за иницијатива за преименување на улици во Тетово туку за првично евидентирање и нивно именување, тврди тетовскиот градоначалник Биљал Касами по реакциите од Сојузот на борци и македонските партии дека нема да дозволат улици да се именуваат по поранешни припадници на ОНА и на балисти.

Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка.

Дел од улиците во Тетово ќе добијат нови имиња и тие нема да бидат против никоја етничка група во градот, вели градоначалникот Билал Касами.

8 (22) ■ вести > македонија ■ 28-Jan 08:27 -> 28-Jan 21:00
.
.
.
.

ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони

  • ЕСМ дистрибуција на топлина до РКЕ поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто

  • ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

Од АД ЕСМ велат дека опозицијата неосновано ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија.

ЕСМ бара од регулаторна комисија за енергетика да ја покачи цената на парното, каде прикажале дека имаат речиси 13% повисоки трошоци за гориво поради скокот на цената на природниот гас на берзата.

9 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 22:03 -> 28-Jan 16:27
.
.
.
.

Апсолутно не се соглаувам со анти-ЕУ и анти-НАТО пораките на Додик, не очекував дека ќе ја злоупотреби Светосавската академија за политички пораки, вели Мицкоски

  • Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на Додик: Средба со политичар кој е на црната листа на САД поради геноцидни политики и корупција е срам за угледот на нашата земја

Премиерот Христијан Мицкоски не очекувал дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик ќе ја злоупотреби свечената Светосавска академија, која се одржа во Скопје по повод празникот на српската заедница во државава – Свети Сава, за да испрати анти-ЕУ и анти-НАТО пораки.

Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на Додик: Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.

12 (57) ■ вести > македонија > хроника ■ 27-Jan 07:10 -> 27-Jan 15:03
.
.
.
.

Чудно е како Палевски ги има записниците од испитувањето на другите обвинети, вели обвинителката Крстевска

  • Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

  • Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче

  • Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари

Од страна на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, беше побарано изземање на обвинителката Жаклина Крстевска и на целото Обвинителство за незаконска истрага, па Крстевска оцени дека Палевски го искористил моментот и ги изнел сите свои наводи.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Сведокот Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, информираат од Јавното обвинителство на РСМ.

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

14 (12) ■ вести > свет ■ 27-Jan 15:34 -> 28-Jan 22:06
.
.
.
.

Трамп испрати на принуден одмор функционери во УСАИД кои ја игнорираат наредбата

  • Американската амбасада во Скопје упатува до Белата куќа за одговори за тоа колку финансирани проекти се замрзнати

Администрацијата на Доналд Трамп испрати на одмор околу 60 високи кариерни функционери во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), рекоа извори запознаени со ова прашање, откако Вашингтон ја замрзна американската помош ширум светот.

Повеќе од 72 милиони долари за 22 тековни проекти на УСАИД се замрзнати во Македонија со извршната на наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп, за запирање американската помош на 90 дена, во кои Стејт Департментот треба да направи реевалуација на проектите и да реши кои ќе продолжат, а кои не. Телма побара од американската амбасада колку вкупно проекти финансирани со американски даночни пари се ставени на стенд-бај и за колку вкупно средства станува збор, но од таму сите одговори упатија да се бараат од Белата куќа.

Повеќе од
оваа категорија

36 (24) ■ спорт ■ 26-Jan 09:18 -> 28-Jan 21:27
.
.
.
.

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ПРВОТО КОЛО НА ДЕЈВИС КУПОТ Aсот нема да игра со српската репрезентација против Данска

  • Директорот на Австралија опен се прави луд: Гледачите не му свиреа на Ѓоковиќ

  • Новак Ѓоковиќ добива статуа во Мелбурн парк

Поранешниот светски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ нема да игра во првото коло од Дејвис купот, објави прес-службата на турнирот на социјалните мрежи.

Еден од најмаркантните моменти од штотуку завршениот Австралија опен е оној од полуфиналниот меч меѓу Александер Зверев и Новак Ѓоковиќ кога српскиот тенисер мораше да предаде поради повреди, а за тоа доби жестоки свирежи од присутните на централниот терен.

Според весникот „Хералд Сан“ од Мелбурн, Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на стадионот на кој се одржува Австралија Опен.

78 (26) ■ спорт ■ 26-Jan 12:28 -> 27-Jan 18:06
.
.
.
.

Зверев: Очигледно не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј

  • Италијанецот Синер против Зверев ја одбрани титулата на Австралија опен

  • Синер: Во Мелбурн се чувствувам како дома

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен, победувајќи го денеска во финалето Александар Зверев со 6:3, 7:6 (7:4), 6:3. Германскиот тенисер по мечот му ја честиташе победата на Синер.

Моментално светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен победувајќи го Германецот Александер Зверев со 6:3, 7:6 (7/4), 6:3 во финалето играно во неделата.

Најдобриот тенисер во светот, Италијанецот, Јаник Синер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во големото финале без проблеми, со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3 славеше над Германецот, Александер Зверев.

Повеќе од
оваа категорија

154 (6) ■ бизнис > мои пари ■ 27-Jan 10:05 -> 28-Jan 07:55
.
.
.
.

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

  • Спасеновски и Костовска настапија во Премиер-лигата во Париз

Членот на клубот „Макпетрол“, Петар Спасеновски, прикажа добри борби на Светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција.

Спасеновски со по една победа, пораз и нерешена борба е втор во групата, а Костовска со истиот резултат беше трета Петар Спасеновски (26) од КК Макпетрол во тежинската категорија до 84 кг, предводен од тренерот Петар Заборски, и Вероника Костовска (25) од КК Олимпик спорт 2007 (до 61 кг), предводена од тренерот и селектор на сениорската машка репрезентација на Македонија, Александар Кузмановски, се претставија во добро светло на силната светска Премиер карате-лига, викендов во Париз (Франција), со оглед на квалитетот на учесниците што настапуваат во двете конкуренции на овој престижен турнир.