Традицијата налага претседателот во заминување и неговата прва дама да се сретнат со новата претседателска двојка утрото на Денот на инаугурацијата и да дојдат заедно во Капитол.
Републиканецот Трамп ја прекрши таа традиција и не присуствуваше на инаугурацијата на демократот Бајден во јануари 2021 година. Netpress
„Тој и првата дама ќе го испочитуваат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата“, рече Бејтс.
Трамп победи на изборите во САД на 5 ноември, а во Овалната соба ќе се врати на 20 јануари. A1on
Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден, и првата дама, Џил Бајден, потврдија дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари 2025 година.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, изјави дека Бајден ветил дека ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател, без оглед кој ќе победи на изборите, и дека тоа ветување ќе го исполни. Telma
Тој изјави дека Џозеф и Џил Бајден ќе го исполнат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата.
Трамп и Бајден се сретнаа во Белата куќа на 13 ноември, откако американскиот претседател во заминување рече дека ќе дозволи непречена транзиција на власта. Biznisvesti