Иако другите земји на ЕУ се согласија да преземат над 55.000 од овие „Даблински случаи“, само 5.053 луѓе се депортирани од Германија во тие земји во 2023 година, потврди Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ). Во првата половина на 2024 година, според БАМФ, Германија испратила барања за прифаќање на околу 40.000 мигранти до другите членки на ЕУ. Во 25.000 случаи државите се согласиле да ги примат овие лица, но практично, само околу 3.500 лица се депортирани во првите два квартали од оваа година.