Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска навести за масовни помилувања за обвинетите во врска со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, откако сегашниот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер.
Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина, во чисто политички мотивирани судски процеси.
Се огласи Хантер Бајден по помилувањето од неговиот татко – американскиот претседател Џо Бајден.
Со одлуката да го помилува својот син Хантер, американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, на самиот крај на својот мандат направи потег што не беше забележан во САД со децении и успеа да предизвика бурни реакции низ земјата и светот.