Адвокатите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го користат помилувањето на претседателот во заминување Џо Бајден на неговиот син Хантер, за да тврдат дека пресудата на Трамп треба да биде отфрлена пред судот во Менхетен во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, јави Си-ен-ен. Адвокатите на Трамп во судската пријава поднесена пред два дена наведоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер истакнал тој е „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ на суд само затоа што е негов син.
Од Белата куќа синоќа испратија пораки дека претседателот Џо Бајден го помилувал својот син Хантер поради стравувања дека неговите политички противници ќе продолжат да го гонат Бајден помладиот и во иднина.
Илон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден за помилување на својот син Хантер, кој е обвинет во две кривични дела.
Бил селективно и неправедно процесиран поради неговото презиме, па на помалку од два месеца до крај на мандатот реши да го помилува, иако ветуваше дека нема да го стори тоа.