Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заминува на својот, можеби последен состанок на НАТО во Брисел каде денеска и утре - во фокусот на состаноците на министрите за надворешни работи е зајакнувањето на сојузничката поддршка за Украина пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа во јануари.
Блинкен ќе разговара за трансатлантските безбедносни приоритети, вклучително и поддршка на борбата на Украина против руската инвазија, продлабочување на соработката со јужните партнери на НАТО на Блискиот Исток, Северна Африка и подготовка за претстојниот самит во Хаг. Kanal5
Засега е нејасно дали и муниција за Химарс и ракети Атакамс, на кои инсистира Киев, ќе бидат дел од пакетот.
Со најновиот одобрен пакет на воена помош, се остваруваат ветувањата на претседателот Џо Бајден за искористување на сите средства за Украина што беа одобрени во Конгресот оваа година. Telma