Но, желбата на Доналд Трамп да го укине летното сметање на времето се чини дека е во спротивност со мнозинскиот став на Републиканската партија, која во 2022 година подготови нацрт-закон тоа да стане трајно, пренесува Индекс.хр. „Промената на времето е застарен концепт, кој е извор на фрустрации и конфузија“, тврдеше тогаш сенаторот Марко Рубио, авторот на нацрт-законот, кого Трамп го номинираше за свој државен секретар.