Обидите да се исплаши народот на Русија, да се запре офанзивата на руската армија и да се сее страв се осудени на неуспех, изјави заменик генералниот секретар на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, коментирајќи го убиството на рускиот генерал Игор Кирилов.
Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва.
Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва.
Иља Поликарпов, помошникот на генерал-полковник Игор Кирилов, е вториот загинат во денешниот атентат врз рускиот генерал.