Тоа ќе биде интересно за нас, истакна Путин.
Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината говореше и за падот на режимот на Башар ал Асад. Kanal5
Асад моментално се наоѓа во Русија, каде што побегна откако бунтовниците го зазедоа главниот град на Сирија, Дамаск и ја презедоа власта.
Конфликтот во Сирија сè уште не е завршен и покрај соборувањето од власт на претседателот Башар ал Асад, предупреди денеска специјалниот пратеник на ООН за Сирија, Гаир Педешен, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ООН. Nezavisen
ISW, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, додаде дека преместувањето воени возила во нивните бази може да биде мерка на претпазливост додека Москва преговара со новата влада во Дамаск.
Русија имаше силно воено присуство во Сирија за време на владеењето на Башар ал Асад, што му помогна да остане на власт по избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година. Kanal5
Советот за безбедност на ОН повика на политичка транзиција предводена од Сирија која ќе им овозможи на сите Сиријци „самостојно и демократски да ја одредуваат својата иднина“, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад. Mk