Дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан е приведен под сомнение за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита – генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник – мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва.
Иља Поликарпов, помошникот на генерал-полковник Игор Кирилов, е вториот загинат во денешниот атентат врз рускиот генерал.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, изјави дека украинското раководство ќе се соочи со неизбежна одмазда за убиството на високиот руски генерал, пренесе агенцијата РИА.
Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во мобилен телефон, соопшти рускиот истражен комитет.