Поранешниот претседател познат по своите воинствени ставови додаде дека новинарите на „Тајмс“ треба „да бидат внимателни“ бидејќи „во Лондон сѐ е можно“.
Одговарајќи на објавата на Медведев, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами напиша на платформата Х дека неговата гангстерска закана за новинарите на Тајмс зрачи со очај. Plusinfo
„Нашите медиуми го претставуваат најдоброто од британските вредности – слободата, демократијата и независната мисла“, напиша Лами покрај фотографијата на која чита „Тајмс“.
На прашањето за коментарите на Медведев, портпаролот на британскиот премиер рече дека тие се последната во серијата очајни реторики кои доаѓаат од владата на Путин. Kanal5
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, ги нарече уредниците на британскиот весник Тајмс легитимни воени цели како одговор на известувањето на весникот за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во Москва. Faktor
Во таа категорија можат да се вбројат и бедните чакали од Тајмс, кои кукавички се сокриле зад нивната редакција.
Тоа значи целото раководство на тој весник - напиша Медведев на Телеграм. Faktor