Шефовите на држави и влади на ЕУ и земјите од Западен Балкан денеска ќе се сретнат на разговори во Брисел каде агендата на состанокот не вклучува одобрување на одлуки поврзани со проширувањето на ЕУ. Ќе се разговара за можностите за економско зближување, за продлабочување на политичката интеракција како и за последиците од војната во Украина и соработката на полето на миграцијата.
Денес во Брисел ќе се одржи самит на шефовите на држави и влади на ЕУ и земјите од Западен Балкан, каде на дневен ред се прашањата поврзани со европската перспектива на Северна Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора и можноста за потесна соработка на ЕУ со шесте балкански држави и натамошните реформи.