Асма ал Асад, сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, поднела барање за развод, пишуваат турските и арапските медиуми.
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.