Кремљ денеска ги демантираше информациите на турските медиуми дека Асма ал Асад, сопруга на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.