Американскиот претседател во заминување Џо Бајден ги повика Американците да размислуваат во тишина и да се обединат за Божиќ, а новоизбраниот претседател Доналд Трамп понуди празнична честитка и голем број политички фокусирани објави на социјалните мрежи, при што двајцата политичари уште еднаш ги покажаа своите разлики. Kajgana
„Премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како соседи, а не како сограѓани Американци“, рече тој.
Бајден ги повика Американците да најдат момент на „тивко размислување“ за да бидат охрабрени да се однесуваат со другите со достоинство и почит, да „живеат во светлината“ и да не заборават дека има повеќе што ги обединува Американците отколку што ги дели. Libertas
Актуелниот претседател на САД Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп испратија различни пораки по повод Божик.
Бајден ги повика Американците на размислување и обединување, додека Трамп ги поздрави со серија објави на социјалните мрежи. Nezavisen
Пораката на Бајден беше проследена со прошетка низ Белата куќа, украсена за празникот.
Тој ги повика граѓаните да се обединат и да заборават на несогласувањата. Kanal5