Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални валути во меѓународните плаќања по промените во законските регулативи, се со цел да се спротивстават на западните санкции, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов, пренесе „Ројтерс“.
„Во рамките на експерименталниот модел, можно е да се користат биткоини во надворешно-трговските трансакции што ги „миниравме“ овде во Русија.