Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра Кевин Марино Кабрера за амбасадор во Панама, откако тој се закани дека повторно ќе воспостави американска контрола врз Панамскиот канал, кој ѝ го предаде на Панама пред 25 години.
Претседателот на САД во заминување, Џо Бајден, ги повика Американците да размислуваат во тишина и да се обединат на Божиќ, а новоизбраниот претседател Доналд Трамп понуди празнична честитка и голем број политички фокусирани објави на социјалните мрежи, со кои двајцата политичари повторно ги покажаа своите разлики.
Откако предлогот на Доналд Трамп пред пет години САД да го купат Гренланд, експресно беше одбиен од данската влада како „апсурден“, многумина реагираа со зачуденост, отфрајќи ја идејата за таква купопродажба како неприфатлива.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа.