Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во четвртокот ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека алармантни се израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електроцентралите.
Израел потврди дека во четвртокот погодил повеќе цели поврзани со милицијата на проиранското шиитско Хутистичко движење во Јемен разорен од речиси дводецениската граѓанска војна, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Netpress