Американскиот претседател Џо Бајден во понеделник ќе го посети Њу Орлеанс за „да ги сподели страдањата на ожалостените семејства“ по нападот со автомобил во кој загинаа најмалку 14 лица во средата, објави денеска Белата куќа.
Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.
Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи, НОЛА Реди.
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.