Десет дена пред да ја преземе функцијата претседател, Доналд Трамп ќе ја слушне пресудата за случајот „мито за молчење“.
Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“ „Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.
Пресудата против Доналд Трамп во случајот со незаконски плаќања на порно актерката ќе биде изречена само 10 дена пред неговата инаугурација.