Компанијата META која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм најави дека драстично ќе ги промени правилата за преглед на содржината на тие две социјални мрежи во САД.
Компанијата „Мета“, сопственикот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, соопшти дека ја прекинува својата независна програма за проверка на факти од трета страна и ја заменува со модел сличен на оној што го користи социјалната мрежа Икс на Илон Маск, каде што корисниците на платформата додаваат контекст и ги потврдуваат тврдењата на другите корисници.