Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада, пренесува . Меѓу најважните измени се тие дека со санкциите ќе бидат опфатени сопружниците и возрасните деца на санкционирани лица, потоа лидерите или членовите, на владини или деловни субјекти под санкциите, како и оние под чија контрола се санкционираните лица или субјекти.
Претседателот на САД, Џо Бајден, донесе нова извршна наредба која ги проширува условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.
На помалку од две недели до формалното завршување на својот мандат, американскиот претседател Џо Бајден донесе уредба со која се прошируваат категориите на лица кои подлежат на санкциите на САД поради обиди за опспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, обиди за поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција.