Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за својата работа по напуштањето на Белата куќа, беше човек кој ги ставаше чесноста и добрината над политиката, истакнато е на неговото државно испраќање во Вашингтон.
Со највисоки државни почести денеска, во 9 часот по локално време, во Вашингтон започна погребната церемонија на 39-от американски претседател, Џими Картер по што ќе следи втора богослужба и ќе биде погребан во неговиот роден град Плајнс, во сојузната држава Џорџија.