Се уште не се знае дали претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути ќе биде разрешена или самата ќе даде оставка од функцијата по петочната изгласана интерпелација против неа поднесена од пратеничката група на Левица.
Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
По интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути од Европскиот фронт за ТВ21 изјавија дека до среда коалицијата ќе одржи средба и ќе одлучат што ќе прават, дали Даути ќе остане на таа функција или пак ќе предложат друг кандидат на чело на Комисијата.
Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути.