Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер, јавија денеска американските медиуми.
Пожарот во богатото предградие на Лос Анџелес, Пацифик Палисајдс, во текот на ноќта се прошири понатаму на исток, а противпожарните екипи и авионите се фокусираа на дополнителните напори во областа на кањонот Мандевил, јави Си-Ен-Ен. Според најновите податоци на пожарникарите, пожарот во Пацифик Палисајдс, во кој досега изгореа 21.596 хектари, е локализиран само осум отсто.