Најмалку 300 севернокорејски војници кои се бореле на страната на Русија против Украина се убиени во борбите, а околу 2.700 се ранети, соопшти утрово јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС). Информацијата била соопштена за време на состанокот зад затворени врати на парламентарната комисија за разузнавање, рече пратеникот Ли Сеунг-Квон од владејачката Партија на моќта на народот. Kanal5