Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга осудени на 14 и седум години затвор Пакистанскиот суд денеска ги осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан на 14, односно седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и неговиот адвокат.
Тие се осудени по обвиненија за корупција во случајот Tруст Ал-Кадир, каде Кан и неговата сопруга се обвинети за проневера на 190 милиони фунти, објавија пакистанските медиуми.
Обвинителите тврдат дека фондацијата била фронт за поранешниот премиер.
Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан вели дека земјата не била за лична корист, туку за духовна образовна институција. A1on
Кан (72), кој исто така е освојувач и на Светски куп во крикет, беше сменет од премиерската функција во 2022 година.
Во затвор е од август во 2023 година и се соочува со преку 150 казнени случаи. Telma
Тој е во затвор од август 2023 година и се соочува со повеќе од 150 кривични случаи.
Бушра Биби, исто така, беше осуденa во корупциски случај со продажба на земјиште. Kajgana
Последната пресуда се однесува на Фондот Ал Кадир, невладина хуманитарна организација основана од Кан и неговата трета сопруга, Бушра Биби, во 2018 година, за време на неговиот мандат.
Според пресудата, фондот бил фронт што му дозволувал на Кан да прифати вредна земја како поткуп од инвеститорот Малик Риаз Хусеин, еден од најбогатите бизнисмени во Пакистан, пренесува . Кан негираше дека сторил нешто лошо и, од неговото апсење во 2023 година, тврдеше дека сите обвиненија против него се заговор на политичките ривали, чија цел е да го спречат да се врати на функцијата. Faktor
Пакистанскиот суд денеска го осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан на 14 години затвор, а неговата сопруга Бушра Биби Кан на 7 години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и адвокатот на Кан.
Сопружниците се осудени по обвиненија за корупција во случајот Труст Ал-Кадир, во кој се обвинети за проневера на 190 милиони фунти. Plusinfo
Пакистанскиот суд во петокот го осуди поранешниот премиер Имран Кан на 14 години затвор за корупција, што претставува удар за новоотпочнатите преговори меѓу неговата партија и владата за смирување на политичката нестабилност во земјата. Netpress
Локалниот медиум Гео њуз објави дека таа била приведена набргу по пресудата, откако била ослободена со кауција.
Последната пресуда на Кан доаѓа само еден ден откако ПТИ одржа официјални разговори за помирување со владата. Fokus
Кан негираше дека сторил нешто лошо и инсистираше од неговото апсење во 2023 година дека сите обвиненија против него се заговор на ривалите да го спречат да се врати на функцијата.
Подготви: Д. Мишев Tags: КорупцијаПакистанпоранешен премиерпресуда. Civilmedia
Во вторник наутро, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, за Западот ќе изгрее нова ера и ќе дојде крајот на „горчливите, комплицирани, болни и исполнети со неуспех четири години“ на демократската администрација во Белата куќа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавија унгарските медиуми.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „на Западот ќе му раздени ново утро“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта, а „горчливите, тешките, болните и неуспешни четири години“ на демократската администрација ќе завршат.
Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на еден неименуван американски и на еден арапски претставник.
Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одвоено разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот Џо Бајден за да им се заблагодари за нивната помош во обезбедувањето прекин на огнот во Газа.
Властите во округот Монтереј во централна Калифорнија издадоа наредби за евакуација откако избувна пожар во складиште на електрична енергија со батерии долж Централниот брег, за кое се тврди дека е најголемо во светот.
Во Калифорнија гори една од најголемите фабрики за производство на батерии за складирање енергија од обновливи извори на енергија, а локалните власти делумно го евакуираа населението.
Тројца адвокати кои го застапуваа рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска во Русија се осудени на казни од 3.5 до 5.5 години затвор.
Руски суд осуди тројца поранешни адвокати на рускиот опозиционер Алексеј Навални на неколку години затвор под обвинение за учество во екстремистички активности.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги именуваше актерите Мел Гибсон, Џон Војт и Силвестер Сталоне за негови специјални претставници во Холивуд.
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги назначи актерите Силвестер Сталоне, Мел Гибсон и Џон Војт за специјални амбасадори во Холивуд, а со цел да ја направеле филмската индустрија „посилна од кога било досега“.