Властите во округот Монтереј, во централна Калифорнија, издадоа наредби за евакуација откако избувна пожар во фабрика за батерии долж централниот брег, за која компанијата тврди дека е најголема во светот, . „Вистра енерџи“, која е сопственик на термоелектраната на природен гас „Мос Лендинг“, и на соседниот објект за складирање на литиум-јонски батерии на брегот на округот Монтереј, потврди дека избувнал пожар и дека го евакуирала персоналот од локацијата.